Локалните медиуми јавуваат дека Ѓоковиќ бил дел од настапот на Кинескиот ѕид како дел од промоцијата на брендот Lacoste, чие заштитно лице е. Во текот на денот Ѓоковиќ им се обрати на навивачите во Кина.
„По пет години сум во Кина, ми недостигавте. Многу, многу ми е жал што не се видовме на аеродром, ме однесоа на спореден излез, но се надевам дека ќе видам многу од вас или во Пекинг или во Шангај. Многу сум возбуден што сум овде во Кина, пред сѐ поради вас кои ми пруживте неверојатна љубов сите овие години“, изјави Ѓоковиќ.